Дали ме гледаш? – Do you SEE me?

Колку во општеството постојат предрасуди и стереотипи? Кон кого имаме предрасуди? Што е причината за да имаме предрасуди и стереотипи? Кон што водат тие и како да се справиме со нив? – ова се дел од темите кои ги работевме на младинската размена под наслов „Дали ме гледаш“ која се одржа во период 01 – 09 ноември 2021, во Шибеник, Хрватска.

Заедно со млади од Хрватска, Португалија, Исланд и Полска, нашите членови имаа можност да другаруваат, да споделат свои предрасуди и да најдат начини како истите да ги пребродат.

Различни игри, глума, симулација на одредени ситуации, решавање проблеми, се примери за неформалите методи на учење кои ги користевме со цел да ги постигнеме нашите резултати. Учесниците имаа множност исто така, преку ликовни работилници да ја прикажат темата на оваа младинска размена. Секој од нив индивидуално креираше дел од групната уметничка композиција. Зборовите како надминување на предрасуди, недоразбирање, комуникација беа обработени низ ликовната работилница, а финалната изложба беше поставена во основното католичко училиште во Шибеник, каде што над 100 деца од петто до осмо одделение имаа можност изложбата да ја посетат и видат.

Како резултат на самата младинска размена, креирани се 21 постер со пораки кои гласно зборуваат против предрасудите и стереотипите во општеството, како и посочуваат како истите да ги наминеме. Овие постери беа дел од кампања на социјалните медиуми и секојдневно во рок од 21 ден беа објавувани заедно со порака до младите.

Исто така креирани се 5 едукативни видеа чија цел е да се прикажат предрасудите присутни во секојдневието, а воедно и како медиумите влијаат врз креирање на предрасуди и стереотипи. Креирано е финално видео од самиот проект кое може да го погледнете на следниот линк. ttps://www.youtube.com/watch?v=_b2Z44viHnE

Проектот беше имплементиран во соработка со нашата партнер организација од Хрватска, Аргонаута, а финансиран од Еразмус+ програмата на Европската Унија.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *