Градење на стабилно партнерство е клучниот чекор за секој проект кој се имплементира во рамки на Ерасмус+ програмата.
Во период 04 – 06 јуни 2021 нашата организација е домаќин токму на првиот почетен состанок за проектот „Рацете горе за волонтерството“ (“Hands UP for Volunteering”.). Цел на овој состанок е партнерите да имаат простор лично да се запознаат, да разговараат во детали за сите активности предвидени со оваа стратешко партнерство, да договорат детали во однос на партнерството и да потпишат партнерски договори.
Состанокот се одржа во Куманово, а на истиот присуствуваа претставници од сите земји партнери на проектот, Црна Гора како координатор, Полска, Романија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.
Проектот има за цел:
- воспоставување и размена на знаења и искуства од областа на волонтерството;
- промовирање на волонтерството и придобивките што ги добиваме преку волонтерството и обучување на младински работници во поглед како да работат и менаџираат со волонтери, како и како да организираат волонтерски акции и проекти;
- градење на капацитетите на партнер-организациите вклучени во проектот во поглед како да менаџираат со волонтерите преку организирање на обука за управување со волонтери;
- развивање локални волонтерски клубови во секоја локална заедница вклучена во проектот;
- Воспоставување на годишна програма за работа на клубот како и организација на 8 локални волонтерски акции во секоја земја.
Во оваа партнерство покрај Младинска организација КРЕАТОР, вклучени се и Center for Non-formal education од Црна Гора како координатор на проектот, Youth Center KOSMOS од Босна и Херцеговина, 180 Degree Consulting Cluj-Napoca од Романија, SIM од Полска и Millennium од Србија.
Проектот ќе трае 18 месеци.