Како продолжение на прирачникот за еколошка едукација, во рамки на проектот Eco Patrols 4 Environmental Goals беше развиена и мобилната игра Eco Patrols in 24 Zones. Таа претставува еден креативен и интерактивен начин младите да учат за животната средина преку игра, авантура и тимска работа. Оваа игра е иновативна алатка која комбинира забава и учење, и која е достапна за мобилни уреди на сите платформи.
Играта е наменета за деца и млади, но исто така е корисна и интересна и за наставници, ментори, родители и младински работници кои сакаат да вклучат дигитални алатки во еколошкото образование. Играта може да се користи како дел од наставен час, работилница, младински клуб или како индивидуално искуство кое ги поттикнува младите на истражување, размислување и донесување еколошки одлуки.
Играчите се поставени во улога на херои кои имаат мисија да патуваат низ 24 различни зони – секоја претставувајќи одреден предизвик поврзан со животната средина. Во секоја зона ги очекуваат едукативни прашања, предизвици, интерактивни задачи и мини-игри преку кои ќе научат за климатските промени, загадувањето, рециклирањето, заштитата на водата и шумите, и многу повеќе. Играта ги мотивира играчите не само да собираат поени, туку и да размислат како тие лично можат да придонесат за подобра иднина.
Она што ја прави оваа игра посебна е што е развиена со млади луѓе и за млади луѓе – со јазик кој е лесно разбирлив, визуелен дизајн кој привлекува, и содржина која е инспиративна и релевантна. Таа не само што е забава, туку е и средство за активирање на свеста за прашања кои се клучни за нашата планета.
Играта Eco Patrols in 24 Zones е бесплатна и достапна на англиски јазик. Може да се симне директно на мобилните:
📲 Симни ја играта од Google Play Store (Android)
📲 Симни ја играта од Apple App Store (iOS)



