Денес започна реконструкцијата на детското игралиште во Соколанскиот парк во Куманово. Оваа недела нашата организација заедно со средношколци од сите средни училишта во Куманово ќе работи активно на реобновување на веќепостоечките играчки, нивно шмирглање, префарбување и замена на седишта и ланци. Игралиштето кое денеска изгледа многу лошо, руинирано и запуштено, ќе биде обновено и збогатено, а се надеваме дека и постојано полно со дечиња.
Во рамки на оваа активност предвидено е поставување на нова подлога (порамнување, тампонирање и посипување со подлога за игралишта), поставување на две нови двојни лулашки, една нова двојна клацкалка и една единечна клацкалка, една полукружна качувалка и замена на веќе постоечки седишта, ланци, масички и столчиња.
Се замолуваат сите граѓани да имаат предвид дека игралиштето се реконструира и да не влегуваат во истото. Секоја настаната повреда или штета во период 27 мај – 05 јуни додека истото е во реконструкција ќе биде на лична одговорност.
Волонтери – среќно со работа! Со надеж за идните генерации, за подобро општество и активна младина – да го зачуваме!