Кога ќе ги разгледаме причините зошто волонтерството е важно, тие не се согледуваат само во животот на оние на кои им се најпотребни волонтери, туку и во улогата што може да ја одиграме, како волонтери, и да придонесеме за доброто на целото општество. Секој од нас треба да биде подготвен да го понуди своето време и да не очекува ништо за возврат. Но, вистината е дека волонтерството ќе ве однесе во свет на награди што можеби не сте ги очекувале. Значи, зошто волонтерството е важно?
Придобивките од волонтерството се добро документирани, почнувајќи од позитивното влијание врз ранливите категории, па се до придобивките што ги добиваме на индивидуално ниво. Многу земји во развој немаат доволно средства за да го поддржат населението на кое што навистина му е потребна помош. Тоа е причината зошто некои училишта и колеџи сега го ставаат волонтирањето како задолжителна активност за своите ученици.
Помогнете им на оние кои се помалку среќни !
За жал, не сите се раѓаат и живеат живот полн со можности. За некои домот, образованието, безбедноста и здравствената заштита се основни и потврдени права, за други тоа се права за кои се борат на дневна основа.
Да помислиме дека сте завршиле или сте во процес на завршување на средното образование или можеби сте студент. Најверојатно добивате храна на масата секојдневно и имате покрив над главата, како и иднина пред вас која е полна со можности. За други млади на иста возраст како вас можеби овие работи се само сон, можности пред нив нема…
Кога се прашувате себе си зошто волонтирањето е важно, помагањето на оние кои се помалку среќни од вас треба да ви е најпривлечната причина да превземете нешто и да станете дел од заедницата на волонтери. Тоа не значи дека треба да одлетате на другата страна на светот за да направите нешто добро. Придружите им се на волонтерите во вашето место, кои работат за подобрување на ситуацијата на оние на кои им е потребно.
Не очекувајте ништо за возврат !
Растеме очекувајќи дека нашето добро однесување или добри дела секогаш ќе ни донесат награди за возврат. Но, зошто да не правиме добри дела и да продолжиме да им помагаме на другите бидејќи ние можеме? Волонтеризмот може да донесе цела низа придобивки кога станува збор за зголемување на можностите за работа или за подобрување на самодовербата и вештините, но треба да се пристапи со отвореност која не бара ништо за возврат.
Со појавата на социјалните медиуми, се чини дека секое добро дело се рекламира онлајн само за да добие повеќе „лајкови“. Иако социјалните медиуми можат да бидат одлични за да се промовира одредена организација која прави неверојатни работи за да ги зајакне животите на другите, тие не треба да се користат за да се пофалите каде сте и што правите. Изберете да волонтирате и да правите добри дела за придобивките кои можете да им ги дадете на другите, наместо она што можете да направите за свој статус.
Збогатете го вашиот живот !
Волонтерството може да го збогати живот на секој на толку многу начини без тоа да биде вашата намера. Ќе ви понуди нови животни искуства и увид во социјалните и развојните прашања, како и вклучување во внатрешната работа на невладините организации и организациите во заедницата. Тоа може да ви даде можност да патувате во странство и да запознаете различни култури, да им помагате на локалните заедници или да бидете дел од еколошките проекти додека истовремено го разгледувате светот.
Волонтеризмот, исто така, помага да се зголеми самодовербата на поединците, да излезат од нивната сигурна зона и да се справат со секојдневните проблеми. Повеќето волонтерски организации ги охрабруваат своите членови да превземат иницијатива и лидерски улоги во општеството која ќе ги охрабри останатите да направат нешто за себе или за другите.
Некои истражувања, исто така, укажуваат дека социјалната интеракција на волонтерите може да помогне во борбата против анксиозност и депресија и да доведе до подобро ментално здравје. Во светот каде што се станува поединечно, нашето чувство за заедница се губи, а преку волонтерството многумина ја наоѓаат потребната поддршка. Веројатно ќе добиете чувство на лично достигнување како и задоволство додека истовремено го збогатувате и кругот на пријатели.
Остварете нови пријателски врски !
Волонтирањето е одличен начин да се поврзат и да се запознаат други истомисленици, да се создадат нови пријателства што можат да траат доживотно. Преку работата и посветеноста на другите, може да бидете инспирирани да започнете свој сопствен проект за да им помогнете на другите или да ја промените патеката на кариерата што првично сте ја поставиле за себе.
Тоа ќе промени дел од вашите претходни верувања и ќе ве охрабри да бидете потолерантен поединец, почитувајќи ги разликите во религијата и културата. Можеби и ќе ја смени вашата перспектива на сопствениот живот и она што е навистина важно за вас во големата шема на нештата. Преку врски со оние надвор од кругот на вашите пријатели, ќе се сретнете со луѓе од различни сфери, и секој ќе влијае на вашиот живот на различни начини.
Зголемете ги вашите можности за кариера !
Во неверојатно конкурентниот свет, со дипломирани студенти кои се борат за многу барани работни места, искуството стекнато преку волонтеризмот одеднаш може да стане неверојатно важно! Тоа им покажува на потенцијалните работодавци дека можете да преземете иницијатива и сте подготвени да дадете дел од своето време за да го подобрите светот, како и дека сте стекнале витални вештини што може да се применат на новото работно место.
Волонтирањето е одличен начин да се добие место на пазарот на труд, преку луѓето што ќе ги запознаете и вештините што ќе ги стекнете како волонтер, па дури и да доведат до вашата кариера од соништата. Преку искуството што ги имате, може да добиете подобра идеја за патеката на вашата кариерата која сте ја одбрале и дали тоа е правилно или не.