Книгата по предметот “Иновации” од авторите д-р Радмил Поленаковиќ и д-р Валентина Гечевска за деветто одделение, издадена од Министерство за образование и наука, е финализирана и достапна во Аудио Дејзи формат!
За да ја користите книгата, потребно е да имате инсталирано Аудио читач, (пример DD reader за кој зборувавме во претходните постови) да го download-ирате целиот фолдер од оваа книга/датотека, и при користење во читачот да го селектирате package.opf фајлот.
Книгата може да ја превземете на следниот линк Иновации за деветто одделение
Младинска организација КРЕАТОР има добиено одобрување од Министерство за образование и наука бр.26-127/05 од 17.03.2021 за користење на книгата „Иновации“ од авторите д-р Радмил Поленаковиќ и проф.д-р Валентина Гечевска по претходно добиена согласност од авторите за пренос на авторското и материјалното право со цел нејзино претворање во Дејзи формат достапен за ученици со потешкотии во читањето и дислексија. Книгата, во овој формат е креирана во рамки на ЕРАЗМУС+ проект „Аудио учебници – Помош за младите со потешкотии во читањето и нивните наставници“ (Audio Textbooks – Help for Challenged Readers and Their Teachers) (Ref. No 2020-1-LV01-KA201-077533).
Со користењето на книгата им се овозможува на учениците со дислексија и потешкотии во читањето бесплатно превземање на учебникот со цел истиот да им помогне во совладување на наставните содржини на еден иновативен и интересен начин, а на наставниците во подготовка и презентирање на наставниот материјал со помош на информатичките технологии.
Книгата е наменета за оваа таргет група, а не за комерцијална дистрибуција. Учебникот во скоро време ќе биде објавен и на https://www.e-ucebnici.mon.gov.mk/.