Волонтирањето е БИТНО!. Преку волонтирање можете да ја подобрите вашата заедница, а воедно и вашиот живот. Учествувајќи во волонтерски акции вие покажувате дека се грижите. Докажано е дека помагањето на другите е добро не само за примателите на вашето дело, туку и за подобрување на вашата благосостојба. Додека издвојувате време надвор од вашиот зафатен распоред за да направите добра работа може да изгледа застрашувачки, но има многу можности да помогнете, дури и ако имате само неколку минути, еден час или едно попладне.
Еве одлични начини да започнете со волонтирање во некоја област која е од ваш интерес.
ГИ САКАТЕ ЖИВОТНИТЕ???
5 минути: Доволно е да раширите или споделите некоја информација на вашите социјани медиуми, кај вашите соседи, до некое училиште за одредени животни кои се даваат на посвојување. На овој начин ќе помогнете да се намали бројот на уличните животни а воедно ќе дадете простор некое животно да си најде свој дом и да донесе среќа кај некое семејство.
30 минути: Бидете креативни и направете играчка за домашно милениче со обичен чорап во вид на коска, со закопчување на краевите и донирајте ги на миленичиња кои имаат потреба или на некое семејство кое знаете дека чува животно.
Еден час: Помогнете во локалниот стационар за улични животни. Секаква помош е добредојдена таму.
Тековно: Создадете некој привремен дом за животно засолниште со обични картонски кутии. Многу ќе помогне посебно во зимските денови.
САКАТЕ ДА ПРОМОВИРАТЕ ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА?
5 минути: Сортирајте го вашето ѓубре. Охрабрете ги и вашите соседи да го сторат истото.
30 минути: Поминете некое време за чистење на локален парк или игралиште.
Еден час: Засадете некоја садница во локалниот парк. Дрво, цвеќе, зеленило, се е добредојдено.
Тековно: Организирајте група за класирање на отпадот (пластика, стакло, хартија). Организирајте акции за собирање на одреден отпад во одреден ден и истиот однесете го во местата за рециклирање.
ХУМАНИ СТЕ?
5 минути: Дајте парче овошје, шише вода или сендвич на лице кое има потреба од истиот.
30 минути: Донирајте облека на локална организација.
Еден час: Најдете опција да зготвите оброк и да го споделите со семејство на кое истиот му е потребен.
Тековно: Придружете се на локални организации кои им помагаат на граѓаните во ризик да се вратат на нозе преку советување за работа, часови за животни вештини и многу повеќе.
Во следната објава ќе ви дадеме уште идеи ! Следете не….