Ефективената работа со волонтери може да го зачува времето на вашата органинзација, да го зголеми ангажманот кој го имате, бројот на активности како и да ги подобри вашите можности за воспоставување на оддржлива организација. Волонтерите се вреден ресурс посебно кога станува збор за непрофитните и младинските организации и се компонента која може да ги мотивира организациите да ги исполнат своите цели подобро, да имаат поголем број активности и да постигнат поголеми резултати, да опфатат поголема таргет група. Вклучувањето на волонтери во работата на една организација значи и знаење да се менаџира со волонтерите. Не е само да се постигне масовност и многу лица да се вклучат…многу побитно е да се постигне квалитет и оние волонтери кои се вклучени да бидат задоволни од својот волонтерски ангажман. Секоја организација доколку сака да го зголеми волонтерскиот ангажман, да ги подобри стапките на задржување на волонтери, а со тоа и да им овозможи простор на координаторите во истата да го искористат времето да се фокусираат на други аспекти на организацијата, мора стратечки да планира и да знае да менаџира со волонтери.
Ако вашата организација нема ефикасен процес на менаџирање со волонтерите, треба да размислите да:
- Поставите т.н SMART цели за вашата волонтерска програма
- ја зголемите вклученоста на вашата организација на волонтерска база преку програми и активности кои се од интерес на вашите волонтери
Па, како да си поставите SMART цели?
Разбирањето на процесот на поставување на SMART цели може да и помогне на вашата организацја да креира јасни, реални цели што може да се остварат. За да ја искористите рамката за SMART во процесот на управување со волонтерите, треба да знаете што воопшто значи SMART.
Ова е дефиницијата:
- Специфични (Specific)
- Мерливи (Measurable)
- Остварливи (Achievable)
- Реални (Realistic)
- Временски ограничени (Time-Limited)
Со самото тоа што ќе имате поставено специфицни цели, кои може да се измерат и нивниот успех да се постигне, цели кои се реални и имаат одредена временска рамка за реализирање, вие постигнувате поголем успех во вашата работа. Ова придонесува до поголема мотивација кај оние кои се вклучени во одредени активности да продолжат со работа и да постигнуваат уште повеќе. Кога се гледа и може да се измери успехот од одредена активност, задоволството кај оној кој бил ангажиран е поголемо, а со самото тоа тој повеќе е заинтересиран и мотивиран да продолжи со работа.
Зголемете ја вклученоста на волонтерска база
Вашиот процес на менаџирање со волонтери треба да вклучи високо ниво на ангажман со волонтери и потенцијални соработници. Неангажираност на волонтерите може да ја чини организацијата и време, а понекогаш и пари. Недостатокот на ангажман со волонтери може да има негативни ефекти врз вашата непрофитна организација, вклучувајќи:
- Пониски стапки на задржување на волонтерите
- Помалку видливост на можностите за волонтери и вашите активности
- Зголемена промена на волонтери и огромни трошоци за обука
- Потенцијал за намалување на донациите.
Одтука, како вашата организација да привлече и вклучи повеќе волонтери? Најдобриот совет е да ги третирате вашите волонтери на начин на кој би сакале да бидете третирани од страна на организација на која вие сте и го посветиле вашето време. Еве неколку дополнителни начини за привлекување и ангажирање на волонтери:
- Дајте им на волонтерите дополнителна стимулација за да ги мотивирате да го вложат своето слободно време
- Креирајте можности вашите волонтери да бидат лидери (да развијат лидерски вештини)
- Ефективната комуникација со вашите волонтери нека биде приоритет за организацијата
- Оставете простор тие да предлагаат идеи и да се вклучат при развој на вашите активности
- Слушнете го нивното мислење и уважете го истото
- Направете го волонтерство во вашата организација забавно преку создавање пријателства и тимови
- Запознајте ги вашите волонтери лично и научете повеќе за вештините што тие ги поседуваат
- Осигурајте се дека процесот на пријавување за можности е лесен за волонтерите со помош на некоја онлајн апликација