Со задоволство ви ја претставуваме е-книгата „Карантински сведоштва“. Таа содржи видување на целата пандемија covid-19 од психолог Габријела Бошков. Оваа електронско издание содржи сведоштва или приказни собрани по пат на лични интервјуа со 20 млади од Куманово на тема што знаат и како се справуваат со пандемијата. Нивните сведоштва се преточени во еден вид приказна кој буди емоции кај читателот, и реално го доловува самото интервју. Идејата е младите кои ќе ги читаат приказните преку нив да увидат дека не се сами, дека исти или слични мисли ги преоптоваруваат сите млади, дека сите бараат начини како да се справат со ситуацијата на свој начин…
Книгата „Карантински свадоштва“ е изработена во рамки на проектот „Социјализација во Изолација“ кој е имплементиран од страна на младинската организација КРЕАТОР од Куманово, а се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) финансирана од Европската унија (ЕУ), а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Социјализација во Изолација“ е кофинансиран од Општина Куманово. Уживајте во читањето!
Книгата може да се види на следниот линк https://drive.google.com/file/d/1Bb6oBJ7mFVGu2UENoVyNTZ_-wfsgHhIv/view?usp=sharing
Delegation of the European Union, Skopje, UNDP MK, Regional Programme on Local Democracy, #LocalDemocracy#WesternBalkan, #ReLOaD, #LocalDemocracу,#ОпштинаКуманово#youth#COVID19#art#activeyouth#youthactivisam