Кои се волонтерите? Зошто волонтираат и што имаат тие од тоа?

Кој волонтира? Зошто? Зошто некои луѓе трошат голем дел од своето време кога ништо не добиваат за возврат? Дали тоа значи губење на време? Иако многу волонтери имаат различни мотиви поради кои се одлучуваат на тој чекор, едно е заедничко за сите – волонтираат затоа што сакаат да помогнат.

На многу волонтери најважно им е да направат нешто добро за други луѓе или животни, па дури и растенија, и поради тоа го вложуваат своето слободно време и работа, а за возврат едноставно се среќни бидејќи прават нешто добро. Кога е волонтеризмот во прашање постојат различни предрасуди дека тоа претставува бесплатно работење, експлоатација и еден вид на манипулација. Не постои волонтер кој не наишол на стереотипи: волонтерите се злоупотребувани, волонтирањето е губење на време и не служи за ништо.

Поголемата несреќа која што ги погоди жителите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска во неодамнешните поплави, сплоти голем број на волонтери кои секојдневно се собираа и им помагаа на настраданите што е можно поскоро да ги пребродат тешките моменти. Волонтерите го вложуваат своето време, но тоа не е залудно потрошено време…тие помагаат на одредени категории на луѓе, имплементираат волонтерски акции со кои промовираат здрава животна средина, подобруваат некој аспект од секојдневниот живот, придонесуваат кон решавање на некои проблеми во локалната заедница…Тие едноставно на некој свој начин претствуваат лепак кој го држи општеството заедно секогаш кога тоа е потребно.

Еве неколку причини кои можеби не сте ги знаеле за нив, а ќе ви помогнат да ја разберете убавината на волонтерската работа.

  • Волонтерите даваат а не бараат ништо за возврат, за нив доволно е тоа што ги развиваат своите лични способности и даваат дел од себе како би им помогнале на други;
  • Волонтерите сакаат конкретно смислени работи со видливи резултати;
  • Волонтерите се најефикасни кога имаат зад себе силна поддршка од своите пријатели и граѓаните;
  • Волонтерите не се исто што и вработените, многу различен пристап е потребен спрема нив;
  • Еволуцијата и развојот на волонтерската кариера ја достигнува важноста слична на професионална кариера и тоа во многу краток временски период;
  • Околу 50% од волонтерите тоа го работат бидејќи некој тоа го побарал од нив, другата половина го прави тоа самоиницијативно;
  • Работата на волонтерите се проценува во просек на 20 евра по час, иако тие не добиваат пари;
  • Волонтерите имаат поголеми шанси при вработување од оние кои не волонтираат;
  • Поголеми се шансите дека возрасни луѓе кои биле волонтери како млади ќе продолжат да волонтираат за разлика од оние кои никогаш не пробале;
  • Големо влијание врз децата имаат родителите. Шансите дека децата ќе бидат волонтери се три пати поголеми доколку нивните родители некогаш волонтирале;
  • 75% од волонтерите се млади на 25 години, а 25% се постари;
  • На Балканот волонтерите не се доволно ценети нити пак им се обезбедени поволни услови, но причината што знаат дека една држава неможе да опстане без волонтери им помага да ја продолжат нивната работа;
  • Волонтерите не прашуваат за вашите години. Неможете да бидете ни премлади ни престари за да волонтирате. За оваа доказ е Виолет Робинс од Австралија кој волонтирал до својата 107 година;
  • Зборот волонтирање за прв пат е забележан во 1630 година.

Дали се мотивираше и ти да пробаш да волонирај? Побарај опции и искористи го своето слободно време корисно :).