Локални работилници за проектот „Моќ на дијалогот“

Во рамки на проектот „Моќ на дијалогот“ (Power of dialogue, Intercultural Dialogue as Powerful Instrument for Youth Development and Mobility) имплементиран од страна на ПВН Албанија, а во соработка со Младинска организација КРЕАТОР, се одржаа еднодневни локални работилници на 21, 22 и 25 септември 2020 со млади од средните училишта во Куманово. Работиолниците се одржаа како последователна активност на тренингот за тренери кој се одржа во Февруари 2020, во Тирана Албанија, а на кој учество зедоа претставници од младинската организација КРЕАТОР и средните училишта САБА Куманово и Киро Бурназ Куманово.

Локалните работилници се состоеа од два дела, првиот дел посветен на тема меѓукултурно учење, дијалог, стереотипи и предрасуди. А вториот дел, исполнет со малку креативност, им овозможи на младите да прикажат што претставува за нив културната разноликост преку правење постери.

На трите локални работилници учество зедоа 44 млади средношколци од Куманово. Една од работилниците се одржа во затворен простор (со 10 учесници), а две на отворен простор во природа поради бројот на учесници.

Проектот „Моќ на дијалогот“ е финансиран од страна на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).

#PVN #YouthActivisam #LocalWorkshops #RegionalCooperation