Младинска размена „Моќ на дијалогот“

Во периодот 29 октомври 2020 година – 01 ноември 2020 година, 8 ученици од средните училишта во Куманово, учествуваа на онлајн и офлајн младинска размена организирана во рамки на проектот „Моќ на дијалогот“. Учесниците претставуваа 3 средни училишта од градот со кои нашата организација остварува успешна соработка: Приватна Гимназија САБА Куманово, СУ Наце Буѓони Куманово и Гимназија Гоце Делчев Куманово.

Младите имаа можност да работат заедно со млади од Ниш, Приштина и Тирана, да разговараат за регионална соработка, меѓукултурен дијалог, културна разновидност, идентитет.

За време на размената, младите развија постери на тема културна разновидност и првите 3 постери изгласани за најдобри добија награди од нашата организација, книги како и таблет за победникот.

Проектот е поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка – RYCO, а имплементиран од партнерските опрганизации ПВН Албанија, Младинска организација КРЕАТОР Куманово, Здружение Азбуки од Србија и Иновактив центар од Косово.