Учествувавме на уште една младинска размена. Овој пат, наши членови имаа можност да се активни две недели (25 Октомври – 06 Ноември 2021) во Кетринхолм, Шведска каде што ги продлабочија своите знаења на теми поврзани со заштита на животната средина и намалување на еколошкиот импакт што го оставаме со нашите секојдневни навики. Темата животна средина е многу важна и за нас, но и во Европа воопшто.
Ивана К, Јована А, Андреј Н, Нина А, Ива Ѓ и Ева М. заедно со уште 54 други младинци од 10 различни земји учеа, се забавуваа, разменија искуство, планинареа, ја истражуваа природата во Шведска. За искуството ни раскажуваат Андреј и Јована, студенти од Куманово, членови на нашата организација.
Јована, сподели со нас дека научила многу интересни работи на темата животна средина. „На оваа младинска размена научив многу различни факти за екологијата и природата. Стекнав знаење околу заштитата на животната средина во 10 различни земји. Самиот начин на презентирање и игрите кои ги имавме, ни беа одлична можност на интересен начин да стекнеме повеќе знаење за животната средина. Исто така научив и многу за традицијата на земјите учеснички во овој проект.“
За неа младинската размена ќе е дел од убавите спомени кои го носи со себе, „Во сеќавање, пред се, ќе ми останат луѓето кои учестуваа на овој проект. Секој разговор, секое разменето искуство беа мотив повеќе да се чувствувам прекрасно. Исто така, ќе ми останат многу факти кои се поврзани со животната средина и начинот како да ја заштитиме. Се разбира кај младите, во сеќавање секогаш остануваат интернационалните забавите кои ги имавме во Шведска.
Андреј во Шведска го прослави и својот роденден. „За мене најинтересна случка беше мојот роденден. Во 00:00, сите учесници и организатори ми приредија незаборавно изненадување. Таа слика кога влегоа во просторијата каде што бев јас, со песна, торта, прскалки и многу други роденденски прилози, секогаш ќе ми остане во сеќавање.“ Тој и во иднина би сакал вакви интернационални искуства, „ДА! Секако дека би го прифатил оваа искуство затоа што кога се вратив се чувстував многу исполнето. Стекнав многу знаење од општа култура, го усовршив англискиот јазик, стекнав многу пријатели со кои имавме незаборавни моменти. Ќе ја искористам оваа прилика да ви се заболагодарам што ми дадовте шанса да бидам дел од оваа прекрасно искуство.“
Оваа младинска размена е финансирана од Еразмус+ програмата на Европската Унија.
Мотивирај се и ти! Биди дел од некоја младинска размена!