По завршување на првиот дел од нашата кампања – Вирусот тука застанува, ви го претставуваме и вториот дел од кампањата – Следи ги мерките.
Кампањата ја спроведуваме во рамки на проект „Социјализација во Изолација“ и истата има за цел да ја зголеми информираноста кај младите во однос на заштитата, превентивните мерки и справување со пандемијата ковид-19.
Вториот дел од нашата онлајн кампања го носи слоганот „Следи ги мерките“ и пораките кои постерите ги пренесуваат се однесуваат на причини зошто треба да ги почитуваме мерките: за да може да патуваме во блиска иднина, за баба и дедо и постѕарите генерации, за да присуствуваме на нашите омилени натпревари, театарски претстави, да отидеме во кино, да ги прославиме нашите родендени во пошироко друштво исл.
Секој од постерите придружен со јасна порака до младите беа споделени во изминатите 10 дена на нашата facebook страна: https://www.facebook.com/youth.association.kreator
Проектот “Социјализација во изолација” на Здружение КРЕАТОР се спроведува во рамките на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).