Онлајн кампања во рамки на проект „Социјализација во Изолација“ – Карантински…

Стигна и третиот дел од нашата кампања која ја спроведуваме во рамки на проект „Социјализација во Изолација“. Цел на ка мпањата е да ја зголеми информираноста кај младите во однос на заштитата, превентивните мерки и справување со пандемијата ковид-19.

Третиот дел од нашата онлајн кампања го носи слоганот „Карантински…“ и пораките кои постерите ги пренесуваат даваат креативни идеи на младите како да го искористат своето време во услови на пандемија: да останат активни и вежбаат, да излезат на прошетка во природа, да изгледаат некој убав филм или добра серија, да прочитаат интересна книга, да сатартуваат со некое интѕересно хоби, да им помогнат на постарите доколку можат итн.

Секој од постерите придружен со јасна порака до младите беа споделени во изминатите 10 дена на нашата facebook страна: https://www.facebook.com/youth.association.kreator

Проектот “Социјализација во изолација” на Здружение КРЕАТОР се спроведува во рамките на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).