Онлајн кампања во рамки на проект „Социјализација во Изолација“ – Вирусот тука застанува

Во рамки на проектот „Социјализација во Изолација“ во овој период спроведуваме онлајн кампања на социјалните медиуми. Кампањата има за цел да ја зголеми информираноста кај младите во однос на заштитата, превентивните мерки и справување со пандемијата ковид-19.

Првиот дел од нашата онлајн кампања го носи слоганот „Вирусот тука застанува“ и пораките кои постерите ги пренесуваат се однесуваат на заштитните мерки: правилно носи ја маската, не се групирај во поголеми групи, одржувај социјална дистанца, миј ги рацете, застани на обележаните места, почитувај ги мерките, симптоми на вирусот исл. Секој од постерите придружен со јасна порака до младите беа споделени во изминатите 10 дена на нашата facebook страна: https://www.facebook.com/youth.association.kreator

Проектот “Социјализација во изолација” на Здружение КРЕАТОР се спроведува во рамките на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).