Како се креираат аудио учебници? Што е потребно да знаеме? Од каде се почнува? Кои програми се користат? На кој начин се креира и снима аудио книга и што опрема е потребна? – ова се само дел од прашањата и темите кои беа опфатени со првата тренинг обука одржана во рамки на проектот „Аудио учебници – Помош за младите со потешкотии во читањето и нивните наставници“ (Audio Textbooks – Help for Challenged Readers and Their Teachers).
Обуката се состоеше од повеќе онлајн работилници имплементирани во првите две недели од Декември 2020. Работилниците беа составени од општ дел како и практичен дел кој помогна на учесниците да го осознаат целосниот процес на креирање на аудио учебници.
Четири претставници од нашата организација имаа можност да споделат искуства со останатите учесници, да разговараат на теми поврзани со аудио учебници и да научат како да ги креираат првите Дејзи учебници во Македонија. На обуката учествуваа претставници од Латвија, Литванија и Словачка.
Во наредниот период нашиот тим ќе работи токму на оваа тема, креирање на први Дејзи аудио учебници.