На 21 Октомври 2021, нашиот тим организираше кратка онлајн презентација на проектот „Аудио учебници – Помош за младите со потешкотии во читањето и нивните наставници“ (Audio Textbooks – Help for Challenged Readers and Their Teachers) пред ученици од средните училишта во Куманово кои се соочуваат со дислексија или се заинтересирани за аудио материјали.
На учениците им беа претставени и креираните скрипти по Биологија и Географија кои се достапни на нашата веб-страна, како и веќе објавената книга за втора година, Иновации. Исто така се презентираше и моделот Дејзи, а дополнително и дигиталните читачи од видот на DDReader. На презентацијата учествуваа 34 ученици.