Тимот на Младинска организација КРЕАТОР започна со техничка обработка и подготовка на неколку книги кои ќе ги користиме како пракса со цел подобро совладување на програмите за работа и креирање на подобри резултати во оваа поле. Нашиот тим ќе работи на еден Прирачник за граѓанско образование, скрипта од предметот Прехранбена технологија и скрипта од предметот Македонски јазик и литература, со цел да ги совлада програмите и да научи подобро како да ги креира аудио книгите во Дејзи формат.
По усовршување, во периодот што следи, ќе работиме и на креирање на првите учебници за училиште во ваков формат. Се надеваме на скоро одобрување од Министерството за образование, два учебника да креираме во аудио дејзи формат а со тоа да им помогнеме на учениците кои имаат потешкотии во читањето и дислексија, полесно да ја совладаат материјата.
Како држава која ја има ратификувано Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, ние сме должни на нашите ученици кои имаат попреченост да им обезбедиме еднаков пристап до матерјали за учење, еднакви услови, еднакви права. Во иднина, со ратификување на Договорот од Макареш, ние ќе бидеме и законски обврзани учебниците да ги имаме во формат достапен за сите ученици.
Оваа активност ја реализираме во рамки на Ерасмус+ проектот „Audio Textbooks Help for Challenged Readers and their teachers”.