НА 22 и 23 Октомври 2020, претставник од нашата организација зеде учество на првиот онлајн Kick-off состанок во рамки на проектот „Аудио учебници – Помош за младите со потешкотии во читањето и нивните наставници“ (Audio Textbooks – Help for Challenged Readers and Their Teachers).
За време на состанокот партнерите имаа можност да се запознаат меѓусебно, да разговараат детално за целосната имплементација на проектот, да дискутираат која е улогата и што се очекува од секој партнер вклучен во овој проект.
Партнерите исто така споделија искуства во оваа област, информации од национално ниво, зборуваа за потребите од обезбедување видливост на настаните итн.
На состанокот учествуваа сите партнери со по двајца претставници.