Клучно е сите ученици да имаат еднаков пристап до материјали за учење и учебници. За таа цел, материјалите треба да се направат во формат кој ќе им овозможи простор и на оние ученици кои имаат потешкотии во читањето или имаат дислексија да може полесно да ја совладаат наставната содржина.
Процесот на креирање на материјали за учење кои се достапни за секој ученик немора да значи дека е сложен процес. Потребно е да имате знаење како да го направите, меѓутоа не е невозможно. Најбитно од се, е да имате мотивација за работа и да сакате сите ученици да можат да го следат предметот кој го предавате.
Нашиот Прирачник за како да креирате мултимедијални учебници и наставни материјали ќе ви помогне и ќе ве упати како да го постигнете тоа. Тој е креиран во рамки на проектот „Аудио учебници – поддршка за учениците со потешкотии во читањето и нивните наставници“ Реф. Бр. 2020-1-LV01-KA201-077533.
Ве покануваме да го симнете и да разгледате како вашите наставни материјали да ги креирате на начин на кој ќе ги направите достапни за сите ученици, вклучувајќи ги и оние кои имаат потешкотии во читањето или дислексија.
Овој прирачник е достапен и на англиски, словачки, литвански и летонски јазик.