Во период 01 – 10 Септември 2021, во Шибеник, Хрватска ја имплементиравме младинската размена „Рурални волонтери – Активирајте се!“ во соработка со нашиот долгогодишен партнер Лаг Море 249.
Темата на оваа младинска размена беше руралниот развој, како и волонтерството како алатка која може да придонесе кон постигнување на рурален развој.
Млади од Македонија, Хрватска, Турција, Романија, Португалија и Литванија имаа можност да научат многу за руралниот развој, како да го осигураме, како да го постигнеме, како и дадваа и дискутираа идеи како да ги мотивираме младите да останат во својата средина и тука да успеат.
Што е тоа што им недостасува на младите и ги тера да мигрираат? Сара П, наша волонтерка од Куманово, ни споделува повеќе за тоа што научила од овој проект „Младите немаат можности во руралните средини. Има недостаток на инфраструктура, квалитетни услови за школување, недостасуваат забавни содржини, можности за неформално учење, недостасуват можности за отпочнување на бизниси во руралните средини… На овој проект научив дека волонтирањето може да се искористи како алатка за да се мотивираат младите во руралните средини да направат нешто повеќе за својата средина. Волонтирањето им дава чувство на припадност, ги поврзува со другите жители во средината, дава можност заеднички да се решаваат локалните проблеми. Проектот беше незаборавно искуство кое пак би го повторила“.
Во рамки на овој проект, младите имаа можност да имплементираат 5 локални волонтерски акции во месноста Гачелези во близина на Шибеник. Тука, заедно со локалните жители имплементиравме акција за чистење на „центарот“ во оваа средина и на влезот на селото, кратење на грмушки, трева исл. Исто така, три клупи како и дрвен дел од лизгалнка за деца беа префарбани од нашите волонтери, беа префарбани исто така и столбови на спортското игралиште и влезната партија на селото. Дополнително беа засадени садници со повеќегодишно цвеќе пред локалната црква, беа изградени и поставени 5 куќички за птици и беа организирани спортски натпревари во фудбал, кошарка и фрлање ѓуле со локалното население.