Уште идеи за волонтирање..

Како што ветивме, еве уште некои интересни идеи за волонтирање во некоја област која е од ваш интерес…

Ако сакате да помогнете во образованието во вашата заедница?!

5 минути: Подарете некоја книга што вашето дете ја користело на помалите деца од соседството.

30 минути: Соберете книги и неискористени училишни материјали и донирајте ги на некое локално училиште или библиотека.

Еден час: Пријавете се да бидете тутор по некој предмет кој ви оди во локалното училиште и помогнете на некое дете да се подобри.

Тековно: Станете волонтер за поддршка на образованието на возрасни во локалните организации. Постојат програми за да им помогнат на возрасните да научат да работат на компјутер, да научат англиски јазик или да работат на вештини за професионален развој.

Сакате да им помогнете на постарите граѓани на вашата заедница?!

5 минути: Помогнете на некој стар човек при пазарување или преминување на улица.

30 минути: Помогнете и на вашата постара сосетка / сосед во некои секојдневни обврски дома, како на пример саботно чистење, недела пазарина, плаќање сметки и сл.

Еден час: Организирајте некоја социјална дружба со пензионери преку некоја локална невладина организација пр. играјте табла, читање, или турнир во шах.

Тековно: Пријавете се во локална организација која работи со стари лица за редовно да ги посетувате и помагате.

Можности насекаде…

Постојат многу начини да се вклучите во некоја активност која ќе придонесе кон подобрување на животот во вашата заедница. Потребно е да имате идеја и да сакате! Бидете волонтери – бидејќи така помагате многу!