Непрофитниот свет е прилично опседнат со помлади волонтери откако „Миленијалците“ (генерација на луѓе родени помеѓу 1980 и 2000 година) открија дека се доста социјално свесни и заинтересирани за подобри причини.
Денес, сите „Миленијалци“ се возрасни, а „Генерацијата З“, нивните наследници, изгледаат уште позаинтересирани да го спасат светот. Еве некои статистички податоци за „Генерацијата З“ (родени 1996 и подоцна) кои треба да ги знаат сите непрофитни организации и да обрнат внимание;
- Седумдесет и седум проценти од средношколците го гледаат волонтирањето како начин да стекнат искуство што би можеле подоцна да го применат на нивните работни места
- Шеесет проценти од младите луѓе од „Ген З“ сакаат со нивните постапки да направат промени; 76 проценти се загрижени за планетата; 30 проценти донираат во добротворни цели, а еден од десет има намера да отвори своја добротворна организација. Оваа генерација се нарекува “филантродеца”.
Иако добротворните организации често се фокусираат на постари луѓе или млади професионалци, кога бараат волонтери треба да ги земат во предвид вредностите со кои што младите (тинејџери и помладите) можат да придонесат.
Полни со живот, енергија и повеќе свест отколку кога и да е за општествените, глобалните и еколошките проблеми, оваа млада генерација е онаа која вашата организација треба да ја негува.
Но, што навистина сакаат младите волонтери?
Анкета која што била спроведена во 2012 година, а сеуште се смета за релевантна, во која биле опфатени повеќе од 4.000 тинејџери кои биле прашани за нивните мотиви и преференции. Ова се дел од резултатите добиени од анкетирањето:
- Сето тоа е поради влијанието од врсниците. Оние што имаат пријатели кои редовно волонтираат имаат причина повеќе за да бидат и тие вклучени. Сепак, според истражувањето, моќта на пријателите се зголемува пропорционално со возраста на учениците, врз студентите најмногу влијаеле пријателите волонтери, додека пак средношколците биле под влијание на родителите.
- Патот кон волонтерство е често нетрадиционален. Многу од анкетираните ги пронашле можностите за волонтерство преку различни клубови, пријатели, семејства или сами независно. Вонучилишните активности, како што се спорт и музика, исто така, резултираат со високо ниво на волонтерство.
- Тинејџерите сакаат да се дружат и сакаат нивното волонтирање да биде повеќе како забава со пријателите. Истражувањето покажа дека младите луѓе кои одат на кино и во трговски центри честопати исто така доброволно се пријавуваат на различни активности.
- Тие сакаат кратки активности кои овозможуваат голем ангажман. Младите се заинтересирани во што е можно по краток временски период да бидат вклучени во повеќе активности кои ќе произлезат со неколку видливи резултати.
- Младите луѓе кои повеќе користат мобилни телефони, доброволно се пријавуваат во различни активности. Се чини дека технологијата ја поттикнува социјализацијата, што потоа доведува до повеќе волонтерство.
- Младите луѓе кои волонтираат се посреќни. Во истражувањето сите опфатени изјавиле дека постигнале повисок степен на задоволство од животот после волонтирање.
Пораката за граѓанските организации?
- Промовирајте ги своите активности преку интернетот и социјалните медиуми,
- Направете го волонтирање забавно и социјално,
- Наоѓајте млади волонтери преку нивните пријатели,
- Овозможете им кратки волонтерски можности кои го користат спектарот од мал до посериозен ангажман.
Размислувајте „надвор од кутијата“ кога наоѓате млади волонтери
Се чини дека младите луѓе се само-организираат и ги следат нивните врсници. Тие не можат да влезат во вашата организација и да започнат со волонтерство. Ќе треба да имате посебна, нетрадиционална програма за да најдете млади волонтери и да ги вклучите. Одете таму каде што излегуваат млади луѓе … нивните вонучилишни активности, спортски активности, посебни интересни групи.
Почитувајте ги нивните интереси за директно да им помагаат на луѓето или животните и освежете ги вашите правилата. Тие може да се појават доцна, да си заминат порано, но сепак тие се свесни и одговорни. Додека постарите волонтери често уживаат да се во центарот на вниманието, млади луѓе претпочитаат да бидат анонимни или дури и да помагаат од далечина, а не одблизу.
Покажете им дека ја разбирате нивната загриженост. Она што ги држи будни овие млади луѓе во текот на ноќта, е загриженост да се запише факултет или пак мали финансиски проблеми. Доколку сте во можност понудете им некој мал надоместок како мотивација за добро завршената работа.
Бидете во чекор со технологијата
Денес тинејџерите повеќето од слободното време го поминуваат на Јутјуб, Instagram и Snapchat. Фејсбук не е веќе толку популарен помеѓу младите, оваа социјална мрежа најчесто ја користат постарите генерации. 95 проценти од тинејџерите користат паметен телефон, а 45 проценти признаваат дека се скоро секогаш онлајн.
Земјата брзо се менува со помладите генерации, па останете во тек со нивните навики и преференции.