05 декември е познат како Меѓународен ден на волонтерите. Овој ден приужа шанса за индивидуалните волонтери и организациите кои промовираат волонтерски вредности, да ги промовираат своите придонеси за развој на локално, национално и меѓународно ниво.
Меѓународниот ден на волонтерите, е можност за сите нас да го промовираме волонтерство, да ги охрабриме владите да ги поддржат волонтерските напори и да ги препознаат придонесите кои волонтерство ги пружа, а кои помагаат при постигнување на Целите на одржлив развој (СДГ) на локално, национално и меѓународно ниво.
Волонтерството им дава можност на луѓето, особено оние што често пати се исклучени од локалните заедници, конкретно да влијаат врз своите животи и да играат конструктивна улога во своите заедници преку волонтирање на своето време и вештини. Преку волонтирање, заедниците низ целиот свет честопати доживуваат зајакната солидарност и вклученост. Придобивките се енормни и за заедниците, а и за волонтерите.
Во 2019, во активности поврзани со волонтерството, преку нашата младинска организација КРЕАТОР беа ангажирани и вклучени 200 волонтери обуки за волонтеризам на локално ниво, 14 активно работеа на изготвување на предлог за оформување на Локален волонтерски сервис на ниво на Куманово, 129 волонтери учествуваа во реконструкција на детско игралиште во Куманово, 34 меѓународни волонтери учествуваа на обука во Македонија и дополнителни 38 учествуваа во обуки и семинари во странство.
Меѓународниот ден на волонтерството беше усвоен од Генералното собрание на Обединетите нации преку Резолуција А / ОСЕ / 40/212 [4] на 17 декември 1985 година.