Волонтеризмот понекогаш може да се гледа како целосно несебичен чин, имајќи на ум дека волонтерот го жртвува своето време, своите ресурси и знаење за да им помогне на другите, а од друга страна не очекува ништо за возврат.
Иако нашата примарна цел како волонтери е да им помагаме на другите, волонтирајќи добиваме чувство на исполнетост и задоволство!
Пред да започнете со волонтирање, важно е да се запрашате што би сакале да научите или да постигнете преку ова искуство. Ако без размислување скокнете во некоја можност за волонтирање, а при тоа таа можност не се совпаѓа со вашите интереси и не ви помага да се надградувате и да ги развиете вашите вештини, можете да се здобиете со негативно волонтерско искуство, што е навистина штетно!
Без разлика дали сте нов или веќе изграден волонтер, ние составивме листа на само неколку од многубројните придобивки за да ви помогнеме да останете мотивирани додека чекорите по патот на волонтеризмот!
20 лични придобивки од волонтирање
- Ги воочуваме своите силни и слаби страни
- Ги истражуваме сопствените интереси
- Ги зајакнуваме вештините кои ги поседуваме
- Развиваме нови вештини
- Учиме нови нешта
- Стануваме учители кои не сме ни претпоставиле дека можеме да бидеме
- Ги прошируваме нашите хоризонти преку интеракција со различни луѓе на различни места
- Сочувствуваме со другите
- Учиме нови или ги подобруваме веќепостоечките лични и социјални вештини
- Се чувствуваме успешно со тоа што им помагаме на другите
- Чувствуваме дека сме значаен дел од општеството
- Имаме поголема самопочит и самодоверба
- Имаме поубав поглед кон животот
- Развиваме нов систем на поддршка преку оние со кои се среќаваме како волонтери, градиме своја мрежа
- Го зајакнуваме нашето физичко здравје и нашата физичка спремност
- Стануваме и ментално посилни преку секојдневните можности
- Се чувствуваме посреќни со тоа што правиме добри дела
- Имаме квалитетно исполнето време
- Добиваме можност за напредок во кариерата, работно искуство и запознавање нови луѓе
- Се забавуваме и се чувствуваме исполнети одвнатре
Па така запомнете, за да го имате најдоброто волонтерско искуство, треба да имате со себе:
Позитивен став
Сочувство кон другите
Отворен ум
Мотивација да помагате на оние на кои им е потребна вашата помош и да бидете хуман!