За нас

Младинска организација КРЕАТОР

КРЕАТОР Куманово е невладина, непрофитна младинска организација која работи на локално, национално и регионално ниво во Македонија. Таа е формирана во март 2008 година од активни младински работници од Куманово.

Мисијата на КРЕАТОР е да промовира и поддржи меѓукултурно разбирање, соработка, мир, толеранција и солидарност и да овозможи оддржлив развој преку создавање можности за активно вклучување на младите во општеството, а особено преку вклучување на волонтери на локално и меѓународно ниво.

Нашата визија е да веруваме во општество во кое сите млади луѓе го остваруваат својот целосен потенцијал и ја обликуваат иднината со моќ и самодоверба. Веруваме дека младите можат да го направат нашето општество подобро место за живеење преку давање на свои иницијативи, активно вклучување во општествениот живот и можност да работат на сите теми кои нив ги засегаат.

Интересни факти

Бројки кои зборуваат за нас...

Домаќини на меѓународни размени и обуки
0
Години искуство како организација
0
Млади кои учествувале на интернационални размени
0

Младинска организација КРЕАТОР работи во двa сектора:

  • Млади, и
  • Спорт.

Сектор Млади опфаќа активности и проекти кои промовираат активно вклучување на младите во сите сфери од општествениот живот.

Сектор Спорт егзистира како танцов спортски клуб, посебно тело КРЕАТОР Денс кое промовира активно вклучување на младите во спортски танци и развивање на здрави навики.

Во секторот за млади работиме во 4 приоритетни области на делување:

  • развивање на меѓукултурен дијалог и разбирање помеѓу младинци кои се од различна верска и етничка припадност. Активностите и проектите од оваа област се фокусираат на теми поврзани со предрасуди и стереотипи и нивно надминување, промоција на човекови права, промоција на различни култури, различности и традиции; како и креативно изразување на овие теми преку уметност, фотографија, театар, филм исл.
  • активно младинско учество – активностите од оваа област промовираат активно вклучување на младите во општествениот живот, промоција на активно грѓанство, волонтеризам и младински активизам, и вклучување на младите во процесот на носење политики и одлуки кои нив ги засегаат;
  • развивање на вештини – активностите од оваа област се фокусираат на развивање на софт вештини кај младите кои ќе им бидат од корист при градење на кариери и учество на пазарот на трудот.
  • заштита на животната средина од аспект на млади – развивање на свест кај младите преку различни локални работилници и креативна работа.

Галерија

наши активности