Активности на младинска организација КРЕАТОР

Кампања за промоција на толеранција, човекови права, свет без предрасуди и стереотипи

Дали знаевте дека денеска е Светски ден на толеранција? 16 ноември е прогласен за Светски ден на толеранцијата во 1996 година. Во универзалната дефиниција, прифатена од страна на УНЕСКО, толеранцијата претставува почитување, прифаќање и уважување на богатствата од различности во светските култури и таа е форма на изразување и начин да бидеме луѓе. Толеранцијата подразбира […]

Кампања за промоција на толеранција, човекови права, свет без предрасуди и стереотипи Read More »

Тренинг курс – Рацете горе за волонтерството!

Во период 05 – 14 Ноември 2021 во Бар, Црна Гора нашата партнер организација, Центар за неформална едукација го одржа тренинг курсот за младински работници и млади во рамки на проектот „Рацете горе за волонтерството“. Овој тренинг курс е дел од проектот чија цел е градење на капацитетите на локалните организации во поглед на волонтерството

Тренинг курс – Рацете горе за волонтерството! Read More »

Кампања за поттикнување на волонтерството во руралните средини

Како резултат на проектот „Рурални волонтери – Активирајте се“ кој го имплементираме во соработка со нашите партнери од Хрватска, Лаг Море 249, беа креирани 15 постери со содржини кои објаснуваат зошто е битен руралниот развој и како волонтерството во руралните средини може да биде алатка преку која ќе се обезбеди рурален развој. Постерите беа креирани

Кампања за поттикнување на волонтерството во руралните средини Read More »

Младинска размена – “Environment”

Учествувавме на уште една младинска размена. Овој пат, наши членови имаа можност да се активни две недели (25 Октомври – 06 Ноември 2021) во Кетринхолм, Шведска каде што ги продлабочија своите знаења на теми поврзани со заштита на животната средина и намалување на еколошкиот импакт што го оставаме со нашите секојдневни навики. Темата животна средина

Младинска размена – “Environment” Read More »

Дали ме гледаш? – Do you SEE me?

Колку во општеството постојат предрасуди и стереотипи? Кон кого имаме предрасуди? Што е причината за да имаме предрасуди и стереотипи? Кон што водат тие и како да се справиме со нив? – ова се дел од темите кои ги работевме на младинската размена под наслов „Дали ме гледаш“ која се одржа во период 01 –

Дали ме гледаш? – Do you SEE me? Read More »

Рурални волонтери – Активирајте се!

Во период 01 – 10 Септември 2021, во Шибеник, Хрватска ја имплементиравме младинската размена „Рурални волонтери – Активирајте се!“ во соработка со нашиот долгогодишен партнер Лаг Море 249. Темата на оваа младинска размена беше руралниот развој, како и волонтерството како алатка која може да придонесе кон постигнување на рурален развој. Млади од Македонија, Хрватска, Турција,

Рурални волонтери – Активирајте се! Read More »

Младинска размена – Рурални Млади во Акција!

Во период 02 – 10 август 2021, членови на КРЕАТОР зедоа учество на младинската размена „Рурални Млади во Акција“ која се одржа во Серпа, Португалија. Оваа младинска размена беше имплементирана од страна на нашиот долгогодишен партнер од Португалија, Experimentáculo Associação! Покрај нашите претставници, на оваа размена учество зедоа и млади од Португалија, Хрватска, Естонија, Франција

Младинска размена – Рурални Млади во Акција! Read More »

Домаќини сме на првиот Kick-off состанок за проектот „Рацете горе за волонтерството“.

Градење на стабилно партнерство е клучниот чекор за секој проект кој се имплементира во рамки на Ерасмус+ програмата. Во период 04 – 06 јуни 2021 нашата организација е домаќин токму на првиот почетен состанок за проектот „Рацете горе за волонтерството“ (“Hands UP for Volunteering”.). Цел на овој состанок е партнерите да имаат простор лично да

Домаќини сме на првиот Kick-off состанок за проектот „Рацете горе за волонтерството“. Read More »

Онлајн конференција за млади – Волонтерство во регионот

Во пресрет на Меѓународниот ден за волонтирање, 05 декември, вчера нашата младинска организација КРЕАТОР оддржа онлајн конференција за млади на која го презентиравме истражувањето што нашата организација го спроведе во 2020 година на тема како младите гледаат на волонтерството. Истражувањето дополнително ќе биде објавено и достапно на англиски и македонски јазик. Истражувањето беше спроведено во

Онлајн конференција за млади – Волонтерство во регионот Read More »

ЕРАЗМУС+ проект за создавање аудио учебници и наставни материјали за млади со потешкотии при читањето

Со задоволство информираме дека нашата Младинска организација КРЕАТОР се вклучува во ЕРАЗМУС+ проект „Аудио учебници – Помош за младите со потешкотии во читањето и нивните наставници“ (Audio Textbooks – Help for Challenged Readers and Their Teachers) (Ref. No 2020-1-LV01-KA201-077533). Да се ​​имаат добро креирани и едукативно интегрирани аудио / електронски учебници и студиски материјали е

ЕРАЗМУС+ проект за создавање аудио учебници и наставни материјали за млади со потешкотии при читањето Read More »

Младинска размена „Моќ на дијалогот“

Во периодот 29 октомври 2020 година – 01 ноември 2020 година, 8 ученици од средните училишта во Куманово, учествуваа на онлајн и офлајн младинска размена организирана во рамки на проектот „Моќ на дијалогот“. Учесниците претставуваа 3 средни училишта од градот со кои нашата организација остварува успешна соработка: Приватна Гимназија САБА Куманово, СУ Наце Буѓони Куманово

Младинска размена „Моќ на дијалогот“ Read More »

Карантински сведоштва

Со задоволство ви ја претставуваме е-книгата „Карантински сведоштва“. Таа содржи видување на целата пандемија covid-19 од психолог Габријела Бошков. Оваа електронско издание содржи сведоштва или приказни собрани по пат на лични интервјуа со 20 млади од Куманово на тема што знаат и како се справуваат со пандемијата. Нивните сведоштва се преточени во еден вид приказна

Карантински сведоштва Read More »

Прв состанок за проектот „Аудио учебници – Помош за младите со потешкотии во читањето и нивните наставници“ (Audio Textbooks – Help for Challenged Readers and Their Teachers)

НА 22 и 23 Октомври 2020, претставник од нашата организација зеде учество на првиот онлајн Kick-off состанок во рамки на проектот „Аудио учебници – Помош за младите со потешкотии во читањето и нивните наставници“ (Audio Textbooks – Help for Challenged Readers and Their Teachers). За време на состанокот партнерите имаа можност да се запознаат меѓусебно,

Прв состанок за проектот „Аудио учебници – Помош за младите со потешкотии во читањето и нивните наставници“ (Audio Textbooks – Help for Challenged Readers and Their Teachers) Read More »

Онлајн кампања во рамки на проект „Социјализација во Изолација“ – Карантински…

Стигна и третиот дел од нашата кампања која ја спроведуваме во рамки на проект „Социјализација во Изолација“. Цел на ка мпањата е да ја зголеми информираноста кај младите во однос на заштитата, превентивните мерки и справување со пандемијата ковид-19. Третиот дел од нашата онлајн кампања го носи слоганот „Карантински…“ и пораките кои постерите ги пренесуваат

Онлајн кампања во рамки на проект „Социјализација во Изолација“ – Карантински… Read More »

Локални работилници за проектот „Моќ на дијалогот“

Во рамки на проектот „Моќ на дијалогот“ (Power of dialogue, Intercultural Dialogue as Powerful Instrument for Youth Development and Mobility) имплементиран од страна на ПВН Албанија, а во соработка со Младинска организација КРЕАТОР, се одржаа еднодневни локални работилници на 21, 22 и 25 септември 2020 со млади од средните училишта во Куманово. Работиолниците се одржаа

Локални работилници за проектот „Моќ на дијалогот“ Read More »

Онлајн кампања во рамки на проект „Социјализација во Изолација“ – Следи ги мерките

По завршување на првиот дел од нашата кампања – Вирусот тука застанува, ви го претставуваме и вториот дел од кампањата – Следи ги мерките. Кампањата ја спроведуваме во рамки на проект „Социјализација во Изолација“ и истата има за цел да ја зголеми информираноста кај младите во однос на заштитата, превентивните мерки и справување со пандемијата

Онлајн кампања во рамки на проект „Социјализација во Изолација“ – Следи ги мерките Read More »