Новости

DDReader+ е дигитален читач на книги што може да се користи за читање дигитални содржини во формат DAISY 3 на платформите Windows и Android. Оваа софтверска апликација е достапна бесплатно на португалски, англиски и шпански. DDReader е целосно опремен читач на форматот DAISY за сите, вклучително и лицата со посебни потреби. Линк на кој може […]

DAISY (Дигитален пристапен информациски систем) е светски стандард за дигитални аудио книги за луѓе кои се слепи или имаат потешкотии во читањето. Овој формат е во развој повеќе од десет години, при што повеќето од светските библиотеки на аудио книги сега користат некоја форма од овој вид на книги. Конзорциумот DAISY (www.daisy.org) работи целосно на […]

Градење на стабилно партнерство е клучниот чекор за секој проект кој се имплементира во рамки на Ерасмус+ програмата. Во период 04 – 06 јуни 2021 нашата организација е домаќин токму на првиот почетен состанок за проектот „Рацете горе за волонтерството“ (“Hands UP for Volunteering”.). Цел на овој состанок е партнерите да имаат простор лично да […]

Денеска добивме одобрување од страна на Министерството за образование, за користење на два официјални учебници кои се дел од наставниот процес и нивна преработка во аудио дејзи формат во рамки на проектот „Аудио книги – алатка за помош на ученици со потешкотии во читањето и дислексија“. Во следниот период нашиот тим ќе работи на техничка […]

Тимот на Младинска организација КРЕАТОР започна со техничка обработка и подготовка на неколку книги кои ќе ги користиме како пракса со цел подобро совладување на програмите за работа и креирање на подобри резултати во оваа поле. Нашиот тим ќе работи на еден Прирачник за граѓанско образование, скрипта од предметот Прехранбена технологија и скрипта од предметот […]

Како резултат од младинската размена „Моќ на дијалогот: Дијалог како моќен инструмент за развој и мобилност на младите“, организиран од ПВН Албанија, ИЦСИ Косово, АзБуки Србија, и Младинска организација Креатор од Македонија беше креирано едно интересно видео што може да го проследите на следниот линк https://www.facebook.com/PvnAlbania/videos/162835258934253 Младите од Албанија, Косово, Северна Македонија и Србија го […]

Како се креираат аудио учебници? Што е потребно да знаеме? Од каде се почнува? Кои програми се користат? На кој начин се креира и снима аудио книга и што опрема е потребна? – ова се само дел од прашањата и темите кои беа опфатени со првата тренинг обука одржана во рамки на проектот „Аудио учебници […]

Во пресрет на Меѓународниот ден за волонтирање, 05 декември, вчера нашата младинска организација КРЕАТОР оддржа онлајн конференција за млади на која го презентиравме истражувањето што нашата организација го спроведе во 2020 година на тема како младите гледаат на волонтерството. Истражувањето дополнително ќе биде објавено и достапно на англиски и македонски јазик. Истражувањето беше спроведено во […]

Со задоволство ви ги претставуваме видеата “Активен за време на пандемија” кои се достапни на нашиот youtube канал. Во услови кога сите сме затворени дома, и кога нашите активности се сведени на минимум, прекрасна е можноста да се дружиме на ваков начин. Спремете се за вежбање, бидете активни пред ТВ-то, вежбајте со нас и членовите […]

Голем процент на млади денеска се соочуваат со потешкотии при читањето и имаат дијагностицирано дислексија. Според некои истражувања дислексијата во групата словенски јазици е достигнува од 10% до 15%. Светските статистики покажуваат дека 80% од учениците со слаб успех имаат дислексија. Но тоа незначи дека истите не се паметни или се со ниска интелегенција. Напротив, […]

Со задоволство информираме дека нашата Младинска организација КРЕАТОР се вклучува во ЕРАЗМУС+ проект „Аудио учебници – Помош за младите со потешкотии во читањето и нивните наставници“ (Audio Textbooks – Help for Challenged Readers and Their Teachers) (Ref. No 2020-1-LV01-KA201-077533). Да се ​​имаат добро креирани и едукативно интегрирани аудио / електронски учебници и студиски материјали е […]

Во периодот 29 октомври 2020 година – 01 ноември 2020 година, 8 ученици од средните училишта во Куманово, учествуваа на онлајн и офлајн младинска размена организирана во рамки на проектот „Моќ на дијалогот“. Учесниците претставуваа 3 средни училишта од градот со кои нашата организација остварува успешна соработка: Приватна Гимназија САБА Куманово, СУ Наце Буѓони Куманово […]

Со задоволство ви ја претставуваме е-книгата „Карантински сведоштва“. Таа содржи видување на целата пандемија covid-19 од психолог Габријела Бошков. Оваа електронско издание содржи сведоштва или приказни собрани по пат на лични интервјуа со 20 млади од Куманово на тема што знаат и како се справуваат со пандемијата. Нивните сведоштва се преточени во еден вид приказна […]

НА 22 и 23 Октомври 2020, претставник од нашата организација зеде учество на првиот онлајн Kick-off состанок во рамки на проектот „Аудио учебници – Помош за младите со потешкотии во читањето и нивните наставници“ (Audio Textbooks – Help for Challenged Readers and Their Teachers). За време на состанокот партнерите имаа можност да се запознаат меѓусебно, […]

Стигна и третиот дел од нашата кампања која ја спроведуваме во рамки на проект „Социјализација во Изолација“. Цел на ка мпањата е да ја зголеми информираноста кај младите во однос на заштитата, превентивните мерки и справување со пандемијата ковид-19. Третиот дел од нашата онлајн кампања го носи слоганот „Карантински…“ и пораките кои постерите ги пренесуваат […]