Онлајн конференција за млади – Волонтерство во регионот

Во пресрет на Меѓународниот ден за волонтирање, 05 декември, вчера нашата младинска организација КРЕАТОР оддржа онлајн конференција за млади на која го презентиравме истражувањето што нашата организација го спроведе во 2020 година на тема како младите гледаат на волонтерството. Истражувањето дополнително ќе биде објавено и достапно на англиски и македонски јазик.


Истражувањето беше спроведено во рамките на проектот Еразмус + „Она што вие го давате е тоа што го добивате: Интерперсонален развој и социјално влијание преку учество на младите во локално и меѓународно волонтирање / ДИВЕ “Е“. Со истражувањето беа опфатени 341 младинци од Македонија кои преку потполнување на прашалници дадоа свој придонес и го дадоа своето мислење за волонтерството.


За време на младинската конференција имавме можност да слушнеме како формалниот образовен систем ги поддржува младите волонтери преку презентација на Ани Б. Стојчевска, претставник од СУ Киро Бурназ од Куманово. Исто така слушнавме и какви програми спроведува Црвениот крст во Куманово и како тие ги вклучуваат младите во волонтерските активности преку нивниот младински лидер Никол Ѓорѓевска.


На Конференцијата, исто така, нашиот активист Стефан Соколовски, ги мотивираше присутните и истакна какви вештини и придобивки стекнуваат волонтерите преку различни искуства за волонтирање. Можностите за волонтирање и ЕВС волонтерско искуство ги презентираше поранешна ЕВС волонтерка, Ивана Благојевиќ.


Партнери во проектот: Младинска организација Креатор, ПВН Албанија, Удружење АзБуки, Глобал аналитика, МладиИнфо Црна Гора