Кампања за промоција на толеранција, човекови права, свет без предрасуди и стереотипи

Дали знаевте дека денеска е Светски ден на толеранција? 16 ноември е прогласен за Светски ден на толеранцијата во 1996 година. Во универзалната дефиниција, прифатена од страна на УНЕСКО, толеранцијата претставува почитување, прифаќање и уважување на богатствата од различности во светските култури и таа е форма на изразување и начин да бидеме луѓе. Толеранцијата подразбира волја и способност да се прифати и да се дозволи различноста, било да се работи за разликите во политичките уверувања, верските и расните уверувања, или пак за разликите меѓу половите.

Светскиот ден на толеранцијата претставува можност секој граѓанин да придонесе кон толерантно општество без насилство, во кое се почитуваат човековите права.

Предрасудите и стереотипите се се уште присутни во нашите општества. Оваа тема беше дел и од младинската размена на која нашата организација зеде учество во октомври 2021, во Шибеник, Хрватска насловена со наслов „Дали ме гледаш?“.

Во продолжение ви претставуваме серија постери, под мотто #FreeYourMind #ОслободиГоУмот, посветени токму на толеранцијата! Религијата не е мојата целосна слика, Не ме суди кога не ја знаеш мојата приказна, Бојата на мојата кожа не ме дефинира, Не треба да живеат во голем град за да бидам голем човек, Не ме суди за начинот на кој сакам, Моите пари не го дефинираат моето богатство, Колку сум постар – толку сум попаметен! – нсе пораките кои се испратени со овие постери, притоа алудирајќи на предрасудите и стереотипите кои се присутни во општеството базирани на религија, надворешен изглед, боја на кожа, возраст, место на живеење, етничка припадност, сексуална ориентација исл.

Дали може да се ослободиме од предрасудите кои ги носиме во себе? – За едно подобро и потолерантно општество!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *