Тренинг курс – Рацете горе за волонтерството!

Во период 05 – 14 Ноември 2021 во Бар, Црна Гора нашата партнер организација, Центар за неформална едукација го одржа тренинг курсот за младински работници и млади во рамки на проектот „Рацете горе за волонтерството“. Овој тренинг курс е дел од проектот чија цел е градење на капацитетите на локалните организации во поглед на волонтерството и менаџирање со волонтерите.

Нашиот петчлен тим, имаа интересена обука, која им донесе многу нови знаења за во иднина. Што посебно тие би сакале да истакнат?

Елена Маневска, ни раскажува за нејзиното искуство. „Ова беше една многу корисна обука. Стекнување со нови знаења во поглед на волонтерството, менаџирање на волонтери, креирање на локални волонтерски клубови и какви активности тие би можеле да понудат во иднина беа едни од главните теми за кои дискутиравме и истражувавме. Од друга страна имавме можност да научиме многу за земјите кои беа вклучени на обуката, да научиме за нивната култура, нивната традиција, нивните секојдневни проблеми…имавме можност да пробаме дел од нивната традиционална кујна и да научиме дел од нивните традиционални танци. Ова беше прекрасна можност за крирање на контакти со многу нови лица, и креирање на долгорочни пријателства“.

На обуката покрај нашата група, учество зедоа и младинци од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Полска и Романија. Младите имаа можност да остварат контакти и заеднички да истражуваат на тема од нивен интерес. За Милан Петровски, оваа искуство беше исто така многу интересно и забавно „Си поминавме прекрасно! Научивме многу нови работи за темата волонтирање и добивме мотивација за во иднина да продолжиме да волонтираме. Бенефитите од волонтирањето се многубројни. Се надевам на скоро вклучување и на локално ниво во слични волонтерски акции“.

Проектот е финансиран од Еразмус+ програмата.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *