Новости

Во рамки на проектот „Моќ на дијалогот“ (Power of dialogue, Intercultural Dialogue as Powerful Instrument for Youth Development and Mobility) имплементиран од страна на ПВН Албанија, а во соработка со Младинска организација КРЕАТОР, се одржаа еднодневни локални работилници на 21, 22 и 25 септември 2020 со млади од средните училишта во Куманово. Работиолниците се одржаа […]

По завршување на првиот дел од нашата кампања – Вирусот тука застанува, ви го претставуваме и вториот дел од кампањата – Следи ги мерките. Кампањата ја спроведуваме во рамки на проект „Социјализација во Изолација“ и истата има за цел да ја зголеми информираноста кај младите во однос на заштитата, превентивните мерки и справување со пандемијата […]

Во рамки на проектот „Социјализација во Изолација“ во овој период спроведуваме онлајн кампања на социјалните медиуми. Кампањата има за цел да ја зголеми информираноста кај младите во однос на заштитата, превентивните мерки и справување со пандемијата ковид-19. Првиот дел од нашата онлајн кампања го носи слоганот „Вирусот тука застанува“ и пораките кои постерите ги пренесуваат […]

Во период 12 – 20 Декември 2019, 6 волонтери од младинската организација КРЕАТОР имаа можност да земат учество на младинска размена под наслов ,,Future Flow,, во Синаиа, Романија. Оваа младинска размена имаше за цел да овозможи простор младите да научат како да изготват свое ЦВ, како да напишат мотивациско писмо и како да се подготват […]

05 декември е познат како Меѓународен ден на волонтерите. Овој ден приужа шанса за индивидуалните волонтери и организациите кои промовираат волонтерски вредности, да ги промовираат своите придонеси за развој на локално, национално и меѓународно ниво. Меѓународниот ден на волонтерите, е можност за сите нас да го промовираме волонтерство, да ги охрабриме владите да ги поддржат […]

Младински проекти се совршен начин младите од Македонија да искусат неформално дружење, патување и волонтирање во странство, запознавање со други култури и учење на соживот. Доколку сте заинтересирани за волонтирање во странство на различни проекти слободно може да ги претражите можностите што Ерасмус+ програмата за млади на Европската Унија ви ги нуди, и да се […]

Ви ја претставуваме и брошурата која беше изработена како финален резултат од размената „АгроМлади – Трето издание“. Во оваа брошура може да најдете повеќе информации за се она што се дискутирало и научило за време на младинската размена. Во брошурата се разработени и некои од работилниците кои ги имплементиравме во рамки на овој проект, ќе […]

Младите од цела Европа ни се приклучуваат на нашата кампања на социјалните медиуми чија цел е да се подигне свесноста кај младите за значењето на руралните средини и важноста за обезбедување на рурален развој. Ако сакаш да ни се приклучиш, прати ни и ти своја слика! Заследи ја и страницата на АгроМлади на фејсбук, каде […]

Младинската размена „АгроМлади – Трето издание“ беше организирана во Струмица, Македонија во периодот од 14 до 23 септември 2019 година. Размената им овозможи можност на 34 млади од Македонија, Хрватска, Италија, Португалија, Данска, Турција и Романија да го истражуваат руралниот развој. и земјоделството. Главната тема на проектот беше да се мотивираат невработените млади да останат […]

Многу често младите знаат да ни постават прашање, што е тоа волонтирање и како се разликува од останатите активности како на пример праксата. Затоа еве и едно убаво објаснување во продолжение.   За да една активност да се смета дека спаѓа под волонтерска активност мора да има три клучни карактеристики: доброволност, да биде организирана за […]

Како што ветивме, еве уште некои интересни идеи за волонтирање во некоја област која е од ваш интерес… Ако сакате да помогнете во образованието во вашата заедница?! 5 минути: Подарете некоја книга што вашето дете ја користело на помалите деца од соседството. 30 минути: Соберете книги и неискористени училишни материјали и донирајте ги на некое […]

Волонтирањето е БИТНО!. Преку волонтирање можете да ја подобрите вашата заедница, а воедно и вашиот живот. Учествувајќи во волонтерски акции вие покажувате дека се грижите. Докажано е дека помагањето на другите е добро не само за примателите на вашето дело, туку и за подобрување на вашата благосостојба. Додека издвојувате време надвор од вашиот зафатен распоред […]

Ваши прашања, а наши одговори во однос на претходниот пост за волонтерството во Македонија. Кои се моите права како волонтер? Надомест на однапред договорени трошоци поврзани со волонтерство (трошоци за храна, превоз од и до место на волонтерство, трошоци за службени патувања како и за обука на волонтери); Заштита на приватност и лични податоци; Да […]

Волонтерството е практика на луѓе кои работат за доброто на останатите, без мотив за каква било финансиска или материјална добивка. Волонтерството, општо земено, се смета за алтруистичка активност, наменета за промовирање добро или за подобрување на квалитетот на животот. Волонтерството  претставува  активност која е од интерес и за Република  Македонија. Волонтерството придонесува за подобрување на […]

Ефективената работа со волонтери може да го зачува времето на вашата органинзација, да го зголеми ангажманот кој го имате, бројот на активности како и да ги подобри вашите можности за воспоставување на оддржлива организација. Волонтерите се вреден ресурс посебно кога станува збор за непрофитните и младинските организации и се компонента која може да ги мотивира […]